Ричард Гир ужива во празниците со семејството. 73-годишниот актер позирал со сопругата Алехандра Силва (39) и нивните синови.
„Среќен Божиќ од нашето семејство “, порачало семејството преку Инстаграм.
Шармантниот Ричард Гир и шпанската политичка активистка и публицистка се во брак од 2018 година. На актерот ова му е трета среќа. Тој во 90-тите бил венчан со манекенката Синди Крафорд додека пак од 2002 до 2016 година бил во брак со Кери Лоурел со која го добил синот Хомер (22). Алехандра, од претходна врска го има синот Алберт.