Една од најпопуларните гимнастичарки и четирикратен светски шампион Александра Солдатова се обидела да се самоубие.
Дваесет и едногодишната девојка е хоспитализирана во Москва, откако се обидела да си го одземе животот.
„На 5 февруари 21-годишната А.Солдатова беше примена во московската болница со телесни повреди за кои е утврдено дека се поврзани со обид за самоубиство.Исто така, дијагостицирано е дека девојката боледува од булимија.Во овој момент, пациентката не е сослушана и не е познато под кои околности се здобила со повредите“, се наведува во соопштението.
Поедини медиму пишуваат дека Солдатова си ги пресекла вените на левата рака, а откако сватила што направила сама побарала помош од доктор.
Инаку, Александра Солдатова има освоено четири светски злата и два пати беше европска шампионка.
https://www.instagram.com/p/B42dZHOHcsY/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B70riFXJYsA/?utm_source=ig_web_button_share_sheet