КРАДЦИТЕ ГО ЗАКЛАЛЕ И ГО ИЗЕЛЕ: Украден еден од најскапите тркачки коњи

by Тони Зографски

„Оушн Беј“ е еден од најбрзите и најдобрите тркачки коњи во коњичкиот спорт, ама овој пастув кој вреди цело богатство шокантно бил убиен откако крадци го украле.

Дали крадците биле неинформирани и не знаеле за каков коњ се работи, но тие го украле и го заклале. Па се гоштевале со делови од неговото тело, а остатоците ги оставиле таму каде што свирепо го убиле.

Рамон Гарсија Москер го пронашол мртвиот коњ и останал без зборови. Овој коњ од 15 трки, на осум победил, трипати бил втор, а два пати четврти, што било доказ дека се работи за извонреден тркач.

„Каква срамота, каков немоќ. Боже мој. Ги пронајдовме остатоците на Оушн Беј“, напиша Рамон Гарсија Моксер.

 

останати вести