Филмот „Anyone but You“ на режисерот Вил Глук којшто е и косценарист заедно со Илон Волперт, премиерно бил прикажан во Америка пред два месеци, а потоа започнала дистрибуцијата ширум светот.
Романтичната комедија е направена врз основа на делото „Much Ado About Nothing“ на Вилијам Шекспир и добила различни критики, а досега заработила 186 милиони долари.
Во главни улоги во филмот се Сидни Свини и Глен Пауел. Во споредни улоги се појавуваат Александра Шип, Хедли Робинсон, Мишел Херд, Дермот Малруни, Брајан Браун и Рејчел Грифитс.
Многу се коментирало ова остварување во кое главните актери се соочиле со предизвик со снимањето на интимните сцени што инаку е целосно вообичаен дел од актерската работа.
Направени биле и фотографии од актерката Синди Свини во топлес и разни кадри од страсти од неа и актерот Глен Пауел.
На Синди оваа улога ѝ донела номинација за „People’s Awards“, како и на главниот актер, но и самиот филм во категорија комедија на годината. Критичарите од другата страна се многу помалку наклонети кон ова остварување, доделувајќи му просечна оцена.
Актерката Синди Свини е добро позната на домашната публика, во досегашната кариера е најпозната по улогите во остварувањата во сериите „Euphoria“ и „The White Lotus“.
Во последно време за неа се пишува и дека е најубавата актерка, судејќи според теоријата на златниот пресек, односно т.н. совршена симетрија на лицето за што за „The Sun“ зборувал и пластичниот хирург Онур Жилард, напомнувајќи дека младата ѕвезда има и идеална фигура во однос на обликот на градите, обемот на струкот и задникот.