Холивудската актерка Сузан Сарандон (78) неодамна во интервју за „The Times“ откри дека добила отказ од нејзината агенција. Поради ова, како што рече, повеќе не може да глуми во големи филмови, а актерката навести дека причината за отказот била нејзината неодамнешна изјава околу конфликтот помеѓу Израел и Палестина.
Во ноември минатата година, Сарандон учествуваше на протест во Њујорк, каде што изјави дека „Евреите сега знаат какво е чувството да се биде муслиман“. Набргу потоа, „United Talent Agency“, предводена од Џереми Зимер, ја отпушти Сарандон и покрај нејзиното извинување за изјавата.
Актерката своите зборови ги нарече „огромна грешка“, а за „The Times“ откри колку ја чинела таа изјава:
„Бев отпуштена од мојата агенција, моите проекти беа повлечени. Ме искористија како пример за тоа што не треба да направите доколку сакате да продолжите да работите“.