Како Амди Бајрам од седумгодишен препродавач на свеќи пред гробиштата во Бутел, стана најбогатиот Ром во Македонија кој правел свадба на Саем за 3.000 луѓе, го женел синот во авион, а за семејните веселби организирал и хеликоптери, бродови, Кале… Kaко од „Зајко кокорајко“, премиерот во заминување Зоран Заев му прости и го прими во коалиција? Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт?
Ова се само дел од приказните кои пратеникот со најмногу мандати ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.
Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која Амди со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. Амди зборуваше и за Никола Груевски, Стево Пендаровски, Бранко Црвенковски, Љубчо Ѓорѓиевски…
Вели дека најголемиот и најубав подарок е што секогаш и секаде вработувал Роми со основно образование, како и дека поставувал министри и директори.