Спорот меѓу Тихомир Филеш и Јасенко Хоура за правото на користење на името „Прљаво казалиште“ ја доби првата официјална судска одлука.
Од адвокатската канцеларија на Кристина Делфин Канчељак, застапник на Тихомир Филеш, се дознава дека Стопанскиот суд во Загреб донел решение за привремена забрана за употреба на името „Прљаво казалиште“ и сродни имиња со Јасенко Хоура и бендот во јавните настапи.
Значи, музичарите Јасенко Хоура и Младен Бодалец до крајот на судскиот спор повеќе не смеат да настапуваат под името „Прљаво казалиште“.
Се наложува откажување на сите договорени активности кои даваат услуги на музичките концерти, музичките изведби, изработка на звучни записи и снимање на музика под името „Прљаво казалиште“ и други слични имиња“, стои во одлуката на Стопанскиот суд.
Ваквата привремена судска мерка е само вовед во судскиот процес во однос на правото на користење на името на познатата група – чие право и жиг до неодамна го има до неодамна членот на групата, менаџер и тапанар Тихомир Филеш – но сѐ додека овој процес не се заврши со судска пресуда или спогодбен договор помеѓу странките во постапката, секоја користење на името на сцената подлежи на парични казни.
Јасенко Хоура не сакаше да ја коментира ваквата одлука на Стопанскиот суд, но медиумите ги упати до адвокатот Тони Ноголица.
„Не би било во ред да коментирам за постапките кои сѐ уште се во тек, ќе се слушнеме кога сз ќе биде завршено“, кратко рекол адвокатот.
Менаџерот на „Прљаво казалиште“ Дамир Рамљак-Тигар рекол дека бендот ќе продолжи со настапите кои летово ќе се одржуваат низ регионот.
Потсетуваме, дека ова не е преседан на музичката сцена, бидејќи слични постапки се водеа и во случајот со бендовите наречени „Нови фосили“ и „Фосили“ и „Златни дукати“.