Животот во студентските домови низ Македонија никогаш не бил на врвно ниво. И претходната, но и актуелната власт се труди да го подобри животот на надежните генерации, но очигледно е дека тоа оди потешко од очекувањата.
Сепак, прашањето е дали секогаш патиите се криви, и можеби е време да тргнеме од себеси – што сме направиле ние за тоа што го имаме да го сочуваме?
На Твитер се појави фотографија од студентскиот дом „Пелагонија“, а еден простор особено паѓа во очите. Еден куп пластични шишиња, ѓубре, неупотребливи работи расфрлани на сите страни.