Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсиле 27-годишниот Н.М, поради постоење на сомнение дека извршил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, јавува Курир.рс.
Според овој извор, Н.М е осомничен дека синоќа, еден час по полноќ, на Ибарската магистрала кај местото Жупањац, управувајќи со возило со марка БМВ се судрил со дачија, ја влечел 70-ина метра и предизвикал тешка сообраќајка несреќа во која загинале четири лица, а уште четири се здобиле со потешки повреди.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Лазаревац.