Синиша Бoшковски, македонски граѓанин повратник од странство во текот на вчерашниот ден се огласи по пат на социјалните мрежи каде сподели посто со фотографија во кој што вели:
„Голем поздрав до владата, моментално околу 100 луѓе чекаат тестирање во Ниш. Секој од овие луѓе најмалку ќе остави по 200 евра во Србија за смештај, тест и храна за 24 часа, колку сме приморани да чекаме за резултат.
Кога би имало барем еден свесен, да постави подвижна лабораторија за земање на брисеви на граница и откако ќе се земе брис, да си одат луѓето во куќна 24-часовна самоизолација до земање на резултатите.
ОВИЕ ПАРИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО МАКЕДОНИЈА. Многу лесно е да се пресмета. Оваа слика е СЕКОЈ ДЕН во последните 3 недели. Нека пресмета министерката колку финансии изгубила досега. 15 работни дена во просек по 2000 евра. СРАМОТА.“, напиша Бошковски на својот Фејсбук профил.