-Наша грешка е што мислиме дека треба да се создата антитела за да го запреме корона вирусот, но, излегува дека ковид „одлучи“ тие да не се создаваат, барем не во доволна мера и тоа ни го урива целиот концепт, – објаснува во интервју за српски „Мондо“, имунологот, проф. др. Борислав Каменов.
-Секогаш се фаќаме за крајот, а не за тоа што е прво и најважно, а тоа е имунитетот. Вистина е дека короната прави огромни оштетувања на белите дробови, но, тука многу повеќе страдаат крвните садови во нив, а не самиот орган. Фокусирани сме на белите дробови, загрижени за воспалението, но на пациентите во тој случај им е потребна антикоагулативна терапија. Имунитетот е невидлив кога добро функционира, станува видлив дури тогаш кога човекот ќе се разболе, а основно нешто за силен имунитет е витаминот Д. Тој го убива вирусот. Пример за тоа е една неодамнешна студија во Индонезија во која се земени 100 пациенти кои имаат нормални вредности на витамин Д и други 100 кои имаат дефицит. Кај првите се развила многу блага клиничка слика на инфекцијата на корона вирусот, додека кај останатите 100 пациенти со ндостиг од витаминот Д, клиничката слика била со многу сериозни симптоми, вели имунологот Каменов.
Тој вели: „Сите мислат само да дојде вакцината и се ќе биде решено“, но според него тоа не е вистина и постои потврда за тоа.
-Постојат пациенти кои прележаа корона, а по три месеца повеќе немаат антитела. А, кога некоја болест ќе се прележи, тогаш се стекнува најголем имунитет. Па, ако по три месеци од излекувањето кај одредени пациенти нема нема антитела, па колку може да има по примањето на вакцината, па и да е најдобрата на светот. Значи, во ниту еден случај не можеме да се потпреме на заштита од корона вирусот со создадени антитела, веќе е докажано дека тие не се трајни. Тоа што е најважно, потенцирам уште еднаш е силен имунитет, кој се јакне со витамин Д, но бидејќи не го примаме доволно од сонцето, треба да се зема како суплемент, заклучува професорот Каменов.