Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово сподели видео од рушење на дивоградба во Инџиково.
Тој порача дека немал да прави компромис со Законот.
“Од 5 часот утрово сум на терен заедно со инспекциските служби. Се реализира акцијата за уривање на дивоградбата во Инџиково. Место за дивеењето на урбаната мафија во Гази Баба нема. Компромис со Законот, ниту сум правел, ниту ќе правам.На ова место во Инџиково ќе има детска градинка“, сподели Градоначалникот.