Осум дневен притвор за анестезиологот кој снимал пациентки на гинекологија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Анестезиологот В.Д. (43) од село Одри кој ги снимаше и во живо на Тик-Ток ги емитување просториите и пациентите во Тетово, доцна вечерва е изведен пред судија при што е донесена одлука за осумдневен притвор по барањето на обвинителството за одредување на мерка притвор, објави тв21, а пренесе плусинфо.

„Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

На видеото, докторот шета низ делот за киража во одделот за гинекологија, ги снима пациентите, зборува со персоналот и неконтролирано се смее.

Случајот го пријавил новинар од ТВ 21.

 

останати вести