Пред 20 години Џенифер Лопез се појави на црвениот тепих на 42-то доделување на Греми наградите во зелен фустан со тропски детали, а по таа вечер влезе во историјата на шоубизнисот.
Долгите ракави, длабокото деколте и лелеавиот крој за момент ги замолче сите присутни, но и милионите лица кои го следеа преносот преку малите екрани.
Таа вечер 2000 година, Џеј Ло не можеше да биде главна тема на социјалните мрежи, но сè беше надоместено во 2019 година кога латино дивата се појави во речиси идентична креација на модната куќа Версаче и интернетот „експлодираше“.
Инаку, за многумина е непознат податокот дека познатиот зелен фустан стар 20 години е главниот „виновник“ за настанување на „Google Images“, за што помеѓу останатото се зборува и во документарецот на Лопез, „Halftime“.
„Тоа беше најчестото пребарување кое сме го виделе. Сепак, немавме начин на корисниците веднаш да им го дадеме она што го сакаат – Џеј Ло во тој фустан. На тој начин се роди „Google Image Search““, изјави во 2015 година некогашниот извршен директор на „Google“, Ерик Шмит.
Во 2019 година Лопез носеше фустан кој е реплика на легендарната креација на Миланската модна недела. Таа ја затвори ревијата на модната куќа Версаче, а сите коментираа дека изгледа подобро отколку во 2000 година.
Оригиналниот фустан останал во сопственост на пејачката, додека два дупликати се изложени во два музеја во различни краеви на светот.