Италијанската глумица Моника Белучи позираше за насловната на магазинот “Soon“ со плава фризура, многу слична како што ја носеше во филмот “Малена“. Моника на својот Инстаграм профил објави една фотка од магазинот, а наскоро излегоа и останатите кои ги одушевија нејзиниет обожаватели.
https://www.instagram.com/p/Bxke-eOCpu3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Убавата глумица во моментот е на филмскиот фестивал во Кан, во друштво на нејзиниот дечко, францускиот уметник Николас Лефебре. Парот е во врска од минатата години, а од неодамна јавно се појавува заедно.
Инаку, обожавателите се сложуваат дека Моника со плавата коса изгледа како божица, и многуна сметаат дека таа ваквата фризури треба да ја задржи и во иднина.