959
На Фејсбук утрово се проширија фотографии од реката Вардар на кои се гледа дека водата е пожолтена.
Причината за загаденоста засега не е позната, но според коментарите на Фејсбук, до ваквата непријатна глетка најверојатно дошло од некој дефект или пукната цевка со што и дошло до големо загадување на водите во реката Вардар.
Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче“, соопштија од Град Скопје.
