Глумицата Мила Јовович се породи минатата недела, а убавите вести ги сподели со обожавателите. Иако глумицата е искусна мајка, ситуација во која сега се наоѓа ѝ е непозната и многу ја вознемирува. Имено, Мила на својот Инстаграм напиша дека нејзината најмлада ќерка има тежок облик на жолтица.
-Нема поубаво кога ќе видите дека вашите деца меѓусебе се сакаат и го ценат времето помината заедно. Дашиел ја храни секогаш кога ќе и дозволам, – напиша глумицата.
Таа објасни дека престана да ја дои ќерка ѝ. Докторите ја советувале Ошин да пие што е можно повеќе млеко, за побргу да се опорави, па затоа Мила се одлучила да ја храни со шише.
-Срцето ме боли кога ѝ ги гледам петите од каде и земаа крв за да ја тестираат на антитала. Но, се надевам дека анализата на крв која денеска и ја направија ќе покаже дека е подобро,- напиша Мила.
Инаку, Мила Јовович која има црногорско потекло, а чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Покрај Евер Габо, тие се родители и на 4-годишната Дашиел Иден.
https://www.instagram.com/p/B8ZsIMyjH-v/?utm_source=ig_web_button_share_sheet