Српскиот државјанин Д. М. (52), раселено лице од Приштина, кое беше уапсено во Македонија на 7 јули за наводно воено злосторство извршено на Косово по налог на УНМИК, денеска беше ослободен, откако пристигнаа докази дека се работи за погрешен човек, пренесува „Локално“.
Како што изјави неговиот адвокат, Илија Поп Костов, за „Косово Онлајн“, неговиот клиент бил уапсен поради промена на неговиот идентитет, односно за истото име и презиме со лицето барано за воени злосторства.
„Беше незаконски приведен и од денеска е на слобода по одлука на судија на претходна постапка, и по барање на јавен обвинител. Утврдено е дека погрешно лице е уапсено, а притворот веднаш бил укинат и тој бил ослободен“, рекол Поп Костов.
Државјанинот на Србија е уапсен е откако ја поминал границата, кога заедно со сопругата заминале на одмор во Охрид.
Потоа му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по наредба на дежурен судија, тој бил однесен во затворот во Куманово, а адвокатот на уапсениот Д.М., побарал неговиот клиент да биде пуштен на слобода, додека тој самиот ги негирал сите наводи во обвинението каде е обвинет за убиство и нанесување тешка телесна повреда.
Comments are closed.