Српска лекарка откри зошто вакцинираните можат да се заразат со коронавирус

by Тони Зографски

Д-р Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија во Србија,  објасни дека на вакцините против коронавирусот им треба време да започнат со работа.

– Комплетен имунитет по две дози вакцина Синофарм, која ја примија најголемиот број граѓани, се јавува по околу еден месец – вели Гњатовиќ.

– Знам дека има пријавени случаи на заразување на граѓани помеѓу примање на две дози или веднаш по приемот на втората доза, но засега нема информации дека има и такви кои се заразени меѓу лежечките пацинти има такво кои ја примиле втората доза на вакцината, а поминало доволно време – рече таа е лекар на Прва ТВ.

Таа посочува дека се очекува да постои можност за инфекција доколку го „фатите“ вирусот неколку дена по втората доза.

– Квалитетот на вакцините не смее да се доведува во прашање поради тоа, но едноставно нема механизам што ќе ве заштити се додека не се развие имунолошкиот одговор по вакцинирањето – нагласува Гњатовиќ.

За оние кои ја примиле првата доза, а потоа се здобиле со оваа болест, се препорачува да се прими втората доза кога ќе се опорават.

останати вести