Српската фолк пејачка Нада Топчагиќ била пред времето кога е стајлингот во прашање. На својата Фејсбук страница популарната пејачка објави колаж на свои фотографии од 1986 година и насловната страна на најпознатиот светски моден магазин “Вог“.
Манекенките на изданието на “Вог“ носат перики со реси, како што носела Нада пред повеќе од треесет години.
“ Па после велат дека не ме копираат… Моите слики се од 1986 година. А оваа е насловната страна на “Вог“ овие денови – напиша Нада Топчагиќ со објавената фотографија.