Група студенти во средно училиште од Вирџинија се обединија за да го изненадат омилениот хигиеничар во училиштето со посакуваниот џип. Со помош на интернет корисниците тие за само три месеци собраа 20 илјади долари и на роденденот му го купија на хигиеничарот Франсис Апраку возилото од неговите соништа.
Тој не можеше да си ја сокрие среќата и да си ги запре солзите кога го виде посакуваниот џип.
“Уште откако го запознавме Франсис, тој беше многу љубезен и пријатен и понекогаш дури велеше дека се моли за нас. Тој ни рече дека отсекогаш посакувал да има Jeep Wrangler, но дека никогаш не можел да си го дозволи. Поради тоа го направивме овој апел за да се обидеме да собереме доволно средства за да му купиме JeepWrangler на Франсис.“
„Едноставно одлучивме да се обидеме да му овозможиме Jeep Wrangler со помош на GoFundMe, но никогаш не мислевме дека ќе стигнете толку далеку. Кога собравме 5.000 долари во првиот ден, помисливме дека ова е реално“ – рекле средношколците.
Франсис дошол од Гана во САД пред околу 10 години. Децата во училиштето го обожаваат и до нарекуваат свој инспиративен пријател.
„Ќе му се заблагодарам на Бог што го направи ова за мене денес. Денес е неверојатен ден за мене. Не верував дека ова ќе се случи некогаш во мојот живот. Овој ден, 9 септември, никогаш нема да го заборавам“ – рекол Франсис.
https://twitter.com/i/status/1835102071885791666