Глумицата Селма Блер уште од 2018 година јавно зборува за нејзината борба со мултипла склероза, редовно ја зема терапијата, но и поднесува големи болки.
Неодамна медиумите пишуваа дека на актерката веќе ѝ е многу подобро, но најновите фотографии покажуваат дека ситуацијата не е баш таква. Таа е фотографирана како излегува од еден ресторан за брза храна, заедно со момчето Дејвид Лајонс, кратко откако влегле таму. Тие морале да заминат бидејќи таа поради болките не можела ниту да стои, ниту да седи.
Парот веднаш го напуштил ресторанот, а актерката буквално се виткала од болка, а Лајонс ја придржувал за да може да стигне до автомобилот.
https://www.instagram.com/p/B7U-Xx0Hio6/?utm_source=ig_web_button_share_sheet