Во необичен инцидент, градоначалникот на Сабаналарга, во колумбиската област Атлантико, остана без панталони.
Хозе Елиас Чамс посетил локална образовна институција, која го прославувала својот 109-ти роденден. За време на говорот се случи нешто неочекувано, а снимката се појави на мрежите.
Чамс ѝ се обрати на публиката и наеднаш ги загуби панталоните! Отпрвин беше збунет, очигледно му беше непријатно, но луѓето околу него брилијантно реагираа.
¡Pierde los pantalones! En medio de discurso se le caen los pantalones a alcalde Jorge Elías Chams en Sabanalarga @AMBQuilla @MpioSabanalarga @IreneBarciga @Gobatlantico @PoliciaBquilla pic.twitter.com/kSE4cykfRz
— HT24 (@HT24___) April 15, 2024
Градоначалникот со насмевка ја прифати несреќата, а потоа ја изговори следната реченица: „Останува за историја, ослабев осум килограми“.
После тоа, тој беше награден со громогласен аплауз, пренесува Lakalle Blu Radio.
Може да се каже дека Чамс знае да се прилагоди на непредвидени ситуации, а во исто време покажа дека се грижи за своето здравје.
Локалните медиуми подоцна објавија дека тој навистина бил подложен на третман за слабеење.
Инаку, ова не му е прв мандат на Чамс како градоначалник на Сабаналарга, бидејќи тој ја извршуваше истата функција во периодот од 2016 до 2019 година.