Кризниот штаб прекрши, од утре во Србија се ќе биде затворено како што беше случај со претходните викенди, неофицијално дознаваат српските медиуми.
Овојпат затварањето ќе важи и за време на работната недела, попрецизно од утре, вклучувајќи го и претстојниот викенд. Тоа значи дека освен прехрамбените продавници и аптеки, ништо друго нема да работи.
Медицинскиот дел од Кризниот штаб последните неколку заседавања бара заклучување од 10 до 14 дена, додека членовите на Владата се против тоа.