Водечкиот лекар од Бирмингем и консултант од областа на урологијата, Шаби Ахмад најавува дека земјата ќе се соочи со четири бранови на коронавирус.
Ахмад кој работи во болницата Сендвел вели дека е убеден дека брановите ќе стигнат престојниве месеци, односно, ќе продолжат и во годините што се пред нас.
-Ќе има втор бран, трет и четврти. Вирусот нема да го снема. Се надевам дека сето ова нема да се претвори во сериозна состојба како што имавме во март. Јасно е дека тој ќе продолжи да се движи на различни начини и со помош на различни средства. Треба само да се научиме како да се заштитиме – вели Ахмад кој не е оптимист дека вакцина наскоро ќе се пронајде и затоа апелира народот да научи да живее со вирусот.
Инаку, во Велика Британија од коронавирус досега починаа скоро 50.000 луѓе.
.