Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски го покажа со рацете симболот на голема Албанија во центарот на Белград на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“! Пејачот пред излегување на сцена со рацете го направил симболот и така позирал на фото репортерите со што ја испровоцира цела Србија.
Работата да биде полоша, Кајмакоски стана познат и кариерата ја направи токму во Србија. За него веројатно никој немаше да чуе доколку во 2014 година не победи во српската веризја на Икс фактор. Тогаш ментор му беше Жељко Јоксимовиќ, кој со него сними и дует.
Даниел сега и се „заблагодари“ на Србија, покажувајќи го злогласниот симбол на голема Албанија.
-Треба да му се забрани влез во Србија, – вели клавијатуристот на “Амадеус Бенд“, Александар Станимировиќ.
-Веројатно мислел да ја имитира Ана Окса, бившата жена на Беџет Пацоли – вели Бора Ѓорѓевиќ.
Од друга страна Даниел го бранат неговите колеги од емисијата Гоца Тржан и Жељко Шашиќ.
-Тој е супер момче и не верувам дека мислел некого да навреди- вели Шашиќ.
Во продукциската куќа Емоушн, која го продуцира ТЛЗП, велат дека не гледаат ништо спорно во потегот на Кајмакоски.
Нашите шоу програми се од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека овде станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме, како што порано сме правеле – порачува сопственикот на Емоушн, Горан Стаменковиќ.
Кајмакоски за Информер тврди дека не знаел дека со рацете го покажува срамниот албански симбол.
Им ги покажував на фотографите своите намачкани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради се – изјавил Кајмакоски.
Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на сите граѓани на Србија.
Инаку, во 2018 година инаку на Светското првенство во Русија на исти начин и со овој симбол прославија и фудбалерите на Швајцарија Гранит Џака и Џердан Шаќири кој се со албанско потекло на мечот против Србија, по што соседите беа бесни.