Фитнес експертот Никола Вејновиќ изел 300 јајца за 10 дена и објасни каква е неговата крвна слика.
„Она што е важно да знаете е дека јас вообичаено јадам пет до осум јајца секој ден“, рече тој.
Вејновиќ детално објаснил како се чувствува од ден на ден, дали конзумирањето на 30 јајца дневно е лошо за неговиот стомак, како ги подготвувал јајцата и како е да се тренира со таков товар. По 10 дена ги повторил анализите на крвта, а резултатите биле изненадувачки.
“На почетокот на предизвикот направив тестови на крвта во лабораторија. Проверив комплетна крвна слика, заедно со холестеролот и половите хормони, за на крајот да го направам истото и да можам да проверам дали моето здравје е влошено или подобрено.Прво, важно е да знаете дека вообичаено јадам пет до осум јајца секој ден и уште од самиот почеток можам да ви кажам дека тоа е здраво“, рекол Никола.
“Вадев крв и направив тест за полови хормони и веќе на почетокот ги имам овие резултати. Холестеролот е на долната граница, за почеток се е добро. Она што дефинитивно ќе го направам веднаш е да сварам 30 јајца и да ги поделам, 10 јајца наутро, 5 пред тренинг, 10 после тренинг и 5 јајца пред спиење.С игурен сум дека во наредните денови ќе имам моменти кога ќе ми се гадат јајцата, но ќе дадам се од себе“, изјави Никола, кој на крајот од видеото ги покажал резултатите од анализата на крвта.
Инаку, тој не е првиот кој презентира колкава количина на јајца јаде. Јутјуберот Вил Тенисон изел дури 28 јајца во еден ден.