Според “Ексклузив“ на 1тв, фолкерката Елена Велевска има нов дечко. Наводно по јавните најави за семејните скандали и разводот, а потоа и простувањето и помирувањето со сопругот, на американската турнеја нејзиното срце било освоено од обожавател со кој им се случила љубов на прв поглед, а потоа и подарил ружи. Па така, од обожавател, мистериозниот богат Американец со македонско потекло кој наводно имал три фабрики, станал нов дечко во животот на Велевска.
Инаку, последниве неделе Елена Велевска беше актуелна околу бојкотирањето на нејзините концерти во Австралија, поради изјавата во бугарски медиум дека песните „Јовано Јованке“ и „Кажи, кажи облаче ле бело“ се бугарски. Исто така таа имаше и големи турболенции во брачниот живот. Прво, се разведуваше, па се смируваше, па сега е наводно и со нов дечко.