Легендарниот музичар Бранимир Џони Шулиќ на својот Јутјуб-канал „PETROVICPETAR“ на последниот ден од оваа 0021 година објави нов албум „Сплет“ со 28 песни. На „Сплет“, Штулиќ однов сними стари песни од неговиот легендарен бенд „Азра“, но во нови аранжмани.
Од старите се вклучени „Глобус“, „Bide my time“, „Покана за танц“, „И понекогаш се случува“; „Запршка“, „Сончевата страна на улицата“, кои се наоѓаат на албумите на Штулиќ од времето на групата Азра.
Од распадот на Југославија, сега 68-годишниот Штулиќ живее во Холандија и нерадо разговара со колегите и новинарите.