Меланија Трамп и нејзиниот сопруг Доналд спијат во одвоени соби кои не се на ист кат во Белата куќа, е еден од деталите од книгата “Free, Melania: The Unauthorized Biography“, на новинарката Кејт Бенер. Меѓу другото во книгата се наведува дека првата дама на САД во 2018 година за малку ќе останеле без бубрези кога и се влошила здравствената состојба, како и дека имал кавга со Иванка Трамп.
Книгата има 288 страни, а во неа се сите детали од животот на Меланија, од нејзиното детство во Словенија па да нејзиното доаѓање во Белата куќа. Во книгата се објаснува зошто Меланија ја носела веќе познатата јакна на која пишувало “ Навистина не ми е гајле, а вас?“. Авторката објаснува дека пораката била упатена до Иванка Трамп, а Белата куќа смета дека пораката е упатена до медиумите.
Интересно е што во книгата пишува и за голите фотографии на Меланија од нејзината манекенска кариера. Меланија и понатаму одбива да поверува дека нејзиниот сопруг имал улога во објавувањето на фотографиите, наведува Кејт Бенер.
Првата дама на САД се сомнева дека Роџер Стоун, долгогодишниот советник на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, стои позади објавувањето на голите фотографии.
„Овојпат идејата, Трамп својата гола жена да ја искористи за да го насочи вниманието кон неа е толку многу одвратна, а фотографиите се со лош квалитет што новинарите поминаа многу малку време за да дискутираат за нив. Меланија не кажала што мисли и како тие се појавија во јавноста и насловните страници на таблоидите, но нејзина пријателка вели дека таа и понатаму одбива да поверува дека нејзиниот сопруг го направил тоа“ – вели Бенет.