Роби Вилијамс е еден од најуспешните поп-изведувачи на сите времиња. Неодамна се нашол во фокусот на јавноста откако ја започнал големата турнеја низ Европа.
Турнејата го носи името на неговиот најнов компилациски албум „XXV“, а многу од неговите хитови се нашле на истиот, целосно освежени. Патот до успехот пејачот го започнал во 1995 година започнувајќи ја соло кариерата, а од тогаш продал над 85 милиони албуми, додека пак зад себе има многу награди.
Без оглед на тоа што многумина му завидуваат на успехот, неговиот живот не бил толку едноставен, а борбата со менталните проблеми станала негово секојдневие.
Имено, во 2019 година тој изнел шокантно признание кое како гром од ведро небо одекнало во јавноста.
Пејачот тогаш открил дека три години бил заробен во куќата – заробен во својот сопствен ум. Тој боледувал од агорафобија, што значи дека се плашел од отворен простор. Големата и тешка борба со себе траела од 2006 до 2009 година.
Пејачот открил дека три години ги поминал во својот дом на каучот, јадејќи чипс и гледајќи телевизија, додека пак во тој период во неговиот живот влегла и Ајда Филд, неговата сопруга која успеала да го „извади од дома“ и да го врати во јавноста.
Парот се венчал во 2010 година, за подоцна да добијат три деца: Теодора, Чарлтон и Колет.
„Кога го добивме првото бебе, мојата сопруга се загрижи дали се венчала за вистинската личност поради тоа што тогаш имав обичај да се скријам и првите три месеци ја играв играта ФИФА. Првите три месеци од животот на нашето бебе, јас само играв игри. Ајда тогаш ми рече: Сигурна сум дека си добар човек, но што правиш? По три месеци излегов од својата „пештера“ и дури тогаш бев подготвен да се соочам со одговорноста да бидам татко“, признал пејачот во една прилика.
Освен стравот од отворен простор, пејачот стравувал и од одговорност и признал дека пати од телесна дисфорија и ноќно прејадување, а убедливо најлошо било кога во своите 20-ти години почувствувал сериозни халуцинации. Признал дека речиси бил во искушение да изврши самоубиство поради тоа што имал чувство дека го прогонува дух.
Тешката ментална борба пејачот ја водел поголем дел од својот живот, а дознал и дека куќата во кога живее изградена е на некои гробишта. „Да останев во таа куќа, јас би се убил“, признал тој во една прилика.
Роби тогаш кажал дека во таа куќа вратата постојано сама се заклучувала, дека слушнал музика во одредени соби, но и чекори и кога бил сигурен дека нема никој освен него во таа куќа. Тогаш бегал во автомобилот и се криел на задното седиште. Признал дека во тој период користел и кокаин.
Сопругата Ајда, на пејачот му била спас поради тоа што по нејзиното појавување во неговиот живот, успеал да ја надмине зависноста од забранетите супстанции, фобиите и стравовите од одговорност.
Инаку, пејачот во светот на музиката влегол во 1990 година како член на групата „Take That“, но групата ја напуштил во 1995 година сакајќи да продолжи со соло кариера која му донела огромен успех.
Пејачот успеал да ги надмине своите ментални проблеми и препреки благодарение на што води семеен живот.
Роби исто така привлекол големо внимание со својата блискост со тештата. Имено, тие двајца биле толку многу блиски што понекогаш таа спиела со него и неговата сопруга во брачен кревет. Фотографијата каде сите тројца се во кревет, пејачот ја споделил на социјалните мрежи.