Членката на британскиот бенд “ Спајс Грлс“ Мел Би призна дека имала сексуален однос со нејзината колешка од групата Гери Халивел. Мел никогаш не криеле дека е бисексуалка, па за време на снимањето на еден шоу програм, на водителот Пирсон Морган му ја открила тајната.
“ Бевме најдобри пријателки и едноставно се случи. Се смеевме и тоа беше тоа. Ќе ме убие мажот и. Верувам дека Гери нема да ме демантира бидејќи тоа беше забавна работа“ – рече таа за односот со Гери Халивел.
Инаку, нејзиното признавање наводно ја разлутило Гери, по што, Мел Би телефонски морала да и се извинува, со образложение, дека приказната “ сама и излетала“. Исто така многу лут бил и сопругот на Гери, Кристијан Хорнер.