Српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој ја води Болоња познато е од пред 40-тина дена дека боледува од леукемија против која храбро се бори. Михајловиќ не се предава го покажа тоа и пред некој ден кога се појави на клупата на Болоња во натпреварот од Серија А. Покрај Миха сигурно се неговите пријатели и семејството кои со сето срце се надеваат дека ќе оздрави, а животот на Миха не е бајка. Тој во детството имал тешки моменти за кои зборуваше во текот на кариерата.
„Како дете сакав многу да јадам банани, но немавме пари. Мајка ми, ми купи еднаш и морав да ја поделам со братот. Денес одам по ресторани и ги избирам најдобрите јадења, но ништо неможе да го надмине вкусот на бананата. Богатството кое ќе го оставам на моите деца нема да биде материјално, во прашање се вредности и учење“.
„Пред нешто повеќе од една година, Аријана и јас чекавме уште едно дете, но за жал, бременоста беше прекината. Да се има бебе во 50 години, на некој начин, исто како да ви е прв пат. Мојата жена страда поради тоа, секоја вечер пред спиење ни се појавуваат тие мисли“.
Михајловиќ откри дека има уште една желба, која сигурно нема да може да ја исполни.
„Би сакал уште еднаш да можев да го прегрнам мојот починат татко, кој во мое отсуство, во 69 година почина од рак на градите. Од друга страна, мајками не гледа со ист поглед како и кога бевме мали. Таа не зборува италијански, моите деца знаат малку српски, но секогаш кога имаме посета во Рим, гледам дека меѓу нив и сфаќам дека зборови не се потребни за да се искаже љубов“.
Инаку како што пишува магазинот „Стори“ Миха ги замолил децата да не го посетуваат во текот на лекувањето за да не го гледаат во тешка состојба, односно, ослабен и без коса.