Утрово во околу 8 часот и 30 минути полицајци и пожарникари спасиле постар маж кој се фрлил од скалите под Камен мост во реката Вардар.
Според очевидците на настанот, по кратко време откако мажот се фрлил во реката пристигнале полицајци и пожарникари и го извадиле, по што со Брза помош бил пренесен во болница.
„Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо“, велат од МВР.