Новинарот Џереми Кларксон (62) деновиве ужива на јахта во друштво на девојката Лиза Хоган (48). Парот е во среќна врска веќе неколку години, а вистинска мистерија е како новинарот успеал да ја освои поранешната сопруга на милионерот?
„Ме засмејува“, едноставно му рекла Лиза на новинарот кој ја прашал како „паднала“ на шармот на Џереми.
Џереми го знаеме како новинар од ТВ форматот на квизот „Кој сака да биде милионер?“.
Пред да ја запознае Лиза, Џереми имал две поранешни сопруги, а со последната живеел дваесет години и добил три деца: две ќерки и еден син.
Од друга страна, Лиза беше во брак со мултимилионерскиот барон Стивен Бентинк. Иако ниту Џереми Кларксон не е сиромав, многумина се изненадија кога Лиза од милионер „падна“ на новинар.
Двојката е заедно околу пет години и деновите ги поминуваат патувајќи низ луксузни одморалишта.