Гори депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“. Три противпожарни возила, а осуммина пожарникари го гасат пожарот, а иако е зафатена помала површина, пожарот е проблематичен за гасење, вели за Канал 5, Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.
-Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не постои опасност од ширење на пожарот. Состојбата е под контрола, изјави Симоновски.
Инаку, оваа депонија, екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и Град Скопје ја чистеа на крајот на април, минатата година, но несовесните граѓани сега повторно направиле нова.