Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставниот суд. Таа добила шест гласа „За“ од вкупно девет уставни судии, со што било постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на судот.
Досегашниот претседател Сали Мурати ја напушта и претседателската и судската функција во Уставен, бидејќи му завршува деветгодишниот мандат. Нема право на реизбор.
Кацарска беше избрана за уставен судија во ноември 2020-та по предлог на Судскиот совет. Беше судијка во Кривичниот суд од 86-та година. Во предметот „Тенк“, донесе осудителни пресуди за Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски поради набавката на скапиот блиндиран мерцедес.