Со својата нова објава на Инстаграм, српската глумица Даница Максимовиќ докажа дека иако е во седмата деценија од живот е една од најзгодните актерки. Прво, пред неколку дена Даница привлече внимание со фотките во минијатурни бикини, а сека отиде чекор понатаму – се соблече во танга и градник и покажа фигура на која ќе и позавидат и многу помлади девојки.
Се работи за фотка и видео од еден естетски третман на кој отишла глумицата и освен што нејзините фанови на социјалните мрежи видоа како изгледа во долна облека, сега ја дознаа една од нејзините тајни за одличниот изглед на 66 години.