Американскиот глумец Брајан Денхи почина на 82-годишна возраст во неговиот дом во Конектикат. TMZ јави дека починал од природна смрт и надлежните не побарале обдукција.
“Со голема тага сакам да соопштам дека мојот татко Брајан почина од природна смрт и нема врска со коронавирусот“, напиша неговата ќерка Елизабет на Твитер.
Брајан Денхи глумеше во „Маш“ и „Далас“ пред да добие улога во 1981 година во „Династија“.
Со Силвестер Сталоне глумел во акциониот филм Рамбо, кој му донесе многубројни улоги во Холивуд.