СО ПОДДРШКА НА РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ: Заев ја одложува оставката на неодредено време

by Тони Зографски

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев засега останува на функцијата во партијата, но и како претседател на владата. Ова како одлука е донесено по синоќешниот состанок на ИО и ЦО на владеачката партија.

-Највисоките органи на партијата препорачаа и едногласно донесоа одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време, додека процесите во државата не се нормализираат. Државата продолжува да се гради на европските вредности. Ова е слободна земја. СДСМ ќе продолжу да работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста државата да западне во нова криза. Денешната одлука е генерална и сите треба да бидеме на висина на задачата, – изјави членот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов.

Заев за ТВ21 посочи дека  имале сугестија од Централниот одбор за одложување на оставките.

-Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми – порача Заев.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com