Фудбалерите на Манчестер Сити убедливата победа од 6:1 над АСтон Вила ја прославиле со оргии во луксузен дворец, а повикале 22 италијански манекенки кои ги нашле на Инстаграм.
Mere Golf Resort and Spa во Кнутсфорд, недалеку од населението каде што живеат поголемиот дел од играчите на фудбалскиот шампион, било место за оргии, пренесуваат англиските медиуми.
Според пишувањата, тие биле од Милано, од каде ги нарачале фудбалерите на Сити, кои со авион пристигнале во Манчестер, а од таму биле префрлени со автобус до непозната локација. Набргу потоа им се придружиле и фудбалерите.
Британските медиуми пишуваат дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, им дал на своите фудбалери да се опуштат во ресортот, во кој една вечер чини 150 фунти.