Британецот Ејден Ајслин, кој беше ослободен од Русија, рече дека со него се однесувале како со куче и дека бил задржан во самица 5 месеци.
Тој се врати во Велика Британија откако беше задржан со месеци во заробеништво од силите поддржани од Русија во Украина, јавува „Би-Би-Си“.
Говорејќи за „The Dream“, тој рече дека откако бил прободен, го прашале дали сака брза или „убава смрт“.
Ајслин вели дека затворениците морале секое утро да ја пеат руската химна.
„Ако не ја отпееш, ќе добиеш казна за тоа. Ќе те претепаат“ – рече тој.
Поранешниот затвореник во интервјуто вели дека и тој бил претепан поради неговите тетоважи.
Десет уапсени, вклучително и Ајслин, беа ослободени во средата вечерта, откако Саудиска Арабија соопшти дека посредувала за размена меѓу Русија и Украина.
Меѓу нив беа ослободени пет британски државјани – меѓу кои и Џон Хардинг, Дилан Хили, Ендрју Хил и Шон Пинер.
Ајслин беше уапсен во април годинава додека се бореше во југоисточниот украински град Мариупол.
Нему и на уште двајца затвореници им беше судено во самопрогласената Народна Република Доњецк и им беше кажано дека ќе се соочат со смртна казна.
Размислувајќи за времето кога бил прободен во грб, Ајслин рече: „Знаев дека постои голема веројатност да бидам убиен“.
Тогаш еден Русин што го чувал го прашал: „Сакаш брза или убава смрт?“
Одговарајќи дека сака брза смрт, на Ајслин му било кажано: „Ќе имаш убава смрт, а јас ќе се погрижам да биде така“.
Тој рече дека бил претепан затоа што имал тетоважа на украинскиот трозабец.
Ајслин рече дека бил чуван во ќелија наменета за две до четири лица и дека морал да спие на подлога полна со вошки.
„Не можевме да одиме правилно во тоалет бидејќи немавме ниту тоалет“ – рече тој и додаде дека морале да користат празни шишиња.
Како што рече, три недели јадел парчиња леб и вода.