Со крв која бликала од носот и со крвен притисок од 240, пациентка и нејзината ќерка во саботата во ГОБ „8 Септември“ останале заглавени во лифтот од болницата. Наместо да ги однесе на седмиот кат, лифтот одненадеж пропаднал во подрумските простории.
Пациентката паднала од стресот и 45 минути не дошол мајстор да интервенира на дефектот. Со клешта, болничкиот персонал ја подотворил вратата за да влегува воздух, а пациентката и ќерка и минувале низ пекол.