126
По повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, вторник, 18 март, во Бугарија е прогласен за Ден на жалост, соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков.
“Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти“, рече Жељазков.
Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.
14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.
„Во вакви моменти најважно е да се покаже емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште настрадани“, рече Желјазков.
Инаку, во Црна Гора денеска е прогласен Ден на жалост, а во Србија утре.
