Србин (37) и Босанец (43) во петокот се уапсени во италијанскиот град Варез откако со со автомобил го искршиле излогот на еден бутик на познатиот моден бренд “Gucci“ и украле парфеми, торби и накит вреден 102,915 евра.
На снимката која ја објавија италијанските медиуми се гледа како двајцата мажи со уште двајца помошници, со автомобил го кршат излогот на бутикот, а потоа со големи торбе влегуваат внатре и грабаат се што ќе им падна во рака – накит, парфеми и останати брендирани и скапоцени предмети.
Благодарејќи на снимката Србинот и Босанецот се пронајдени и уапсени од страна на карабинерите.
Украдената роба е пронајдена во гаражата на еден од разбојниците, а полицијата испитува дали “двојката“ е замешна во уште неколку грабежи во Италија.