Џенифер Лопез докажа дека е една од најзгодните жени во шоубизнисот. Славната латино заводничка е позната по својата железна дисциплина кога е во прашање вежбањето и здравата исхрана . Таа своите стомачни мускули кои ги доведе до совршенство, често ги покажува во разни провокативни креации.
49-годишната пејачка и танчерка го покажала брутално затегнатото тело и извајаните мускули и при влегувањето во теретана во Мајами со својата ќерка Ема. Друштво им правел и партнерот на Џенифер, Алекс Родригез, а по напорниот тренинг, влегле во луксузен автомобил и заминале заедно со обезбедувањето.