Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена на посебен начин го прославија соборувањето на новиот рекорд на големиот Ноле.
Славниот тенисер денеска го собори апсолутниот рекорд и ја престигна Штефи Граф по број на недели на врвот на АТП листата! Новак денеска ја започна рекордната и историска 378-та недела на првото место на АТП лиустата на најдобрите тенисери на светот со 6.980 поени и со тоа конечно ја остави зад себе легендарната Германка, Штефи Графт.
Јелена го објави победничкиот танц на Инстаграм, но поентира со својот коментар!
– Со гордост ја славиме тениската љубовна врска на Новак за која зборува цел свет. Жената не се лути – напиша Јелена со насмевка на Инстаграм и додаде:
– Новак е најдобриот тенисер во светот најдолго во историјата на тенисот!
По Новак Ѓоковиќ и второпласираната Штефи Графт сега следува Мартина Навратилова со 322 недели на врвот, Серена Вилијамс, која беше на врвот 319 недели.
Српскиот тенисер веќе го држеше рекордот со најмногу недели на врвот на АТП-листата во историјата (од 1973 година) кога ја надмина границата на Роџер Федерер од 310 недели во март 2021 година, а сега ја престигна Граф почнувајќи ја својата 378-ма недела на врвот.