Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска доживеа непријатност кога две девојки, кои наводно сакале да се сликаат со него, наеднаш ги соблекле кошулите и останале топлес.
Како што пренесува германски „Блид“, Шолц по инцидентот реагирал смирено, не правејќи никакви проблеми.
Телохранителите брзо реагираа и ги одведоа жените кои извикуваа пароли, главно неразбирливи.
Сепак, „Билд“ наведува дека активистите побарале да се забрани увозот на руски гас.
Пораката на англиски беше јасно читлива на нивната кожа: „Ембарго на гас, сега“.