Во српското село Амзиќ кај Нови Варош каде паднало снег во висина од 60 сантиметри, мештаните ги зедоа работите во свои раце.
Имено, тие се организирале и со воловски коли го чистат патот до селото.
Инаку, во оваа општина иако снегот се чисти со разна механизација, по само неколку часа повторно се е завеано. На некои делови од патот има наноси на снег во висина од повеќе од еден метар.