Заменик- градоначалникот на Бор, Бранко Периќ кој ја згрози јавноста откако српските медиуми обелоденија фотографии како бакнува ученичка во уста, е уапсен. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа по што, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител.
Осомничениот се терети дека со своето однесување полово вознемирил 15-годишна малолетничка со која се сретнал по нејзин повик по што таа, како што се сомнева, со мобилен телефон направила три фотографии со недолична содржина.
Инаку, во српските медиуми минатата недела се појавија фотографии на социјални мрежи на кои заменик-градоначалникот на Бор, Бранко Периќ се бакнува и гали со девојче од 15 години. Периќ тогаш изјави дека фотографијата од неговиот бакнеж со девојчето била направена кога и честитал за добро направена работа. Тој тврдеше дека и со другите девојки, кои биле ангажирани, се поздравил на сличен начин. Иако фотографиите брзо потоа биле отстранети од социјалните мрежи, во целиот случај набргу се вмеша и полицијата.
Девојчето негирало дека имало било каков однос со функционерот.